Легендата на Тотенхем го изреволтира прашањето за камбек во омилениот клуб (ВИДЕО)

Легендата на Тотенхем, Роби Кин остро одговори и демонстративно го напушти интервјуто по новинарско прашање поврзано со негово можно враќање во лондонскиот премиерлигаш.

Кин е тренер на унгарскиот Ференцварош и по триумфот на неговиот клуб во тамошниот Куп одговори на прашањето „Ако се покаже шанса, дали очекувате повик од Тотенхен да бидете нивни тренер?“.

„Не можам да одговорам на гласини“, изјави Кин по што демонстративно замина од пред камерата.

Се вчитува...