Легендата на Тотенхем се враќа во Европа, ќе игра за Милан?

Легендата на Тотенхем, Сон Хеуинг-Мин стави крај на деценискиот престој во Лондон и кариерата ја продолжи во МЛС каде игра фантастично и веќе постигна девет гола на 10 одиграни средби.

Со оглед на тоа што распоредот во САД е различен од оној во Европа, а првенството трае најдоцна до 6. декември за кога е закажано големото финале постои голема веројатност дека Јужнокореецот ќе се врати назад во Европа.

Постои опција тој да заигра во Милан како позајмен фудбалер со цел да биде подготвен за настап на Светското првенство во 2026 година.

Според американските медиуми, тој во договорот има опција да се врати назад во Европа во ваков случај.

Се вчитува...