Искусниот легендарен турски тренер Шенол Гунеш, е нов тренер на Трабзонспор каде што игра Енис Барди. Тој практично се враќа во овој клуб откако го водеше неколку пати, и доаѓа на местото на Абдулах Авчи, кој доби отказ после неуспехот во Европа, откако не успеа да обезбеди пласман во групата во Лигата на Конференции.
Гунеш по петти пат се враќа во таборот на Трабзонспор како тренер, а и како играч го носеше дресот на овој тим, и тоа преку 400 пати.
Гунеш покрај Трабзон, ги водеше и Бешикташ, Бурсаспор, Сакаријаспор, Анталијаспор, Инстабулспор, Болуспор, а во два мандати беше селектор на Турција, во моментите кога Турците го направија најголемиот успех – третото место на СП 2002 во Јапонија и Јужна Кореја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА