Легендата на унгарскиот фудбал доживеа срцев удар во Амстердам (ВИДЕО)

Холандија и Унгарија во Амстердам играат натпревар од петтото коло во Лигата на нации. Натпреварот започна во најдобар ред, но стадионот во главниот град на Холандија замолкна во 8. минута.

Тогаш на Адам Шалаи, поранешниот унгарски напаѓач, а денеска член на стручниот штаб на Унгарија, му се слоши на клупата и натпреварот набрзо беше прекинат. Според неофицијални информации, Шалаи доживеал инфаркт или некој облик на епилептичен напад, поради што итно му била укажана помош.

Паузата траеше околу 15 минути, а Шалаи конечно беше изведен на носилки. Некои холандски медиуми открија дека Шалаи морал да биде реанимиран. Страшните сцени ги оставија играчите на двата тима во очај, некои дури и во солзи го следеа целиот настан. Според последните информации, Шалаи е во стабилна состојба, но ќе биде задржан во болница на интензивна нега.

Се вчитува...