Легендата на Вест Хем им се заблагодари на докторите: Вие сте мои херои

Легендата на Вест Хем Јунајтед, Мајкл Антонио на почеток на месец декември 2024 година беше дел од тешка сообраќајна несреќа во која заработи тешка повреда на ногата поради која му беше предвиден и крај на кариерата.

Сепак како што откри тој неговата рехабилитација се одвива во најдобар можен ред па не се откажува од враќање на терените.

Сега одново говореше за сообраќајната откривајќи нови детали, а и не заборави да им се заблагодари на Роб Мун и Џејмс Молоуни, кои со брзата интервенција му го спасија животот.

„Чудно е бидејќи ми кажаа дека сум бил буден и сум говорел со сите. Со полицијата, луѓето и личноста која ме нашла. Сите мислеа дека со хеликоптер бев пренесен во болница, но хеликоптерот не можеше да полета поради олуја па ме возеа до болницата со автомобил“, откри Антонио кој им се обрати и на докторите од брзата помош.

„Вие сте мои херои. Сакам да ви се заблагодарам бидејќи без вас немаше да бидам тука денеска“

Се вчитува...