Легендарниот романски тенисер, Илие Настасе е казнет од ИТФ со забрана за било каква функција во телата и натпреварувањата под надлежност на Интернационалната тениска федерација во следните три години, до 31. јули 2020 година.
Настасе доби казна поради расистички коментари упатени кон Серена Вилијамс, вербален напад на членови на Фед куп екипата на Велика Британија како и за напад на претставници на медиумите.
Со своето недолично однесување за време на Фед куп двобојот меѓу Романија и Велика Британија, во кој учествуваше како селектор на романската репрезентација, Илие Настасе прекрши неколку членови од дисциплинскиот правилник на ИТФ.
Најпрво Настасе упатил непримерен коментар кон нероденото дете на Серена Вилијамс, со расистичка конотација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА