Легендата не запира: Хуертас ќе игра до 43 годишна возраст (ФОТО)

Легендарниот бразилски кошаркар Марселињо Хуертас денеска официјално го продолжи договорот со шпанскиот прволигаш Тенерифе ставајќи потпис на нова двегодишна соработка која значи дека ќе настапува до 43-годишна возраст.

Фантастичниот бек кој во богатата кариера настпуваше и во НБА лигата за Лос Анџелес Лејкерс не запира и во петтата деценија од животот. Изминатата сезона го предводеше шпанскиот тим до финалето на ФИБА Лигата на Шампиони, а за тој подвиг го доби и МВП признанието. Покрај тоа настапи и во репрезентативниот дрес и му помогна на Бразил да се пласира на Летните олимписки игри преку квалификацискиот турнир во Рига, Летонија.

 

Се вчитува...