Легендарниот аргентински ас Диего Марадона би можел да биде нов тренер на белорускиот клуб Динамо Брест. Раководството на овој клуб сака да ја прекине доминацијата на Бате Борисов и да создаде тим кој ќе успее да го освои шампионатот. За ова сака на клупата да го донесе Диего Марадона кој би добил одврзани раце за нови засилувања и комплетна реорганизација на тимот.
„Имавме средба со раководството на Динамо Брест и можам да кажам дека сме блиску до договор. На Диего му се допаѓа целиот проект и би сакал да се нафати на предизвикот. Но, да оставиме зделката да биде завршена, па потоа ќе зборуваме подетално“, изјави Матијас Морло, агентот на Марадона за белоруските медиуми.
Диего Марадона во изминатиот период беше тренер на Фуџаира, клуб кој се натпреварува во Втората лига на Обединетите Арапски Емирати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА