Легендата се враќа на „Олд Трафорд“: Манчестер носи и спортски директор од Амстердам?

Лисандро Мартинез, Антони и тренерот Ерик Тен Хаг летоска од Ајакс пристигнаа во Манчестер Јунајтед, и со нив тимот доби во физиономија, и почна да ја враќа старата слава. Меѓутоа Манчестер не планира тука да застане, и ќе носи и луѓе од тимот на Ајакс и во раководните структури на екипата.

Како што пишуваат англиските медиуми, некогашниот голман Едвин ван дер Сар е блиску да се врати на „Олд Трафорд“ овојпат со функција на спортски директор. Во последно време тоа е проблематична позиција за тимот на Јунајтед, па Ерик Тен Хаг, кој имаше одлична соработка со Ван дер Сар во Ајакс, сега планира да го донесе на „Олд Трафорд“ и повторно да соработува со него.

Ван дер Сар од 2005 до 2011 година беше голман на Јунајтед, и со него четири пати ја освои титулата во Англија, а беше дел од тимот кој ја  освои Лигата на шампионите во 2008 година во финалето во Москва против Челси.

Се вчитува...