Андреј Чешноков, славниот руски тениски ас кој своевремено беше рангиран како деветти најдобар тенисер на светот говореше за Новак Ѓоковиќ за кој имаше само пофални зборови.
Како што се наближува крајот на врвната кариера на легендарниот српски тенисер, Русинот вели дека секој негов меч, секој љубител на „белиот спорт“ мора да го гледа бидејќи тоа е како уметничко дело.
„Ѓоковиќ е великан, фантастично е како се држи на 38 години. Не е важно какви шанси има на турнирите, дали победува или губи. Ова се неговите последни моменти во кариерата. Уште колку му остана да игра? Можеби една, две години. Секој негов меч мора да се гледа“, изјави Чешноков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

