Легендата на Реал Мадрид, Гути, рече дека францускиот напаѓач Карим Бензема го предаде клубот поради тоа што не играше на последните три меча поради повреда.
Францускиот голгетер го немаше на натпреварите против Рајо, Џирона и Севилја, поради повреда на мускулот на десната нога.
Гути смета дека Бензема морал да прифати ризик пред Мундијалот, и да му помогне на тимот.
„Не го разбирам Бензема. Меси игра за ПСЖ, Левандовски за Барселона. Мора да прифатиш ризик од повреди пред Светското првенство, не можеш да го издадеш својот клуб. Исто така не го разбирам и Реал што не најде негова замена, рече Гути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

