Македонските одбојкари вечерва се вратија дома, па иако не ги пречека никој по освоеното второ место на Ф4 турнирот од Европската лига, тие самите си направија забава. Поминаа низ Порта Македонија, за да ги „фати мајата“ и да го разбијат малерот, па догодина да го освојат толку посакуваното злато. Застанаа на плоштадот, ја отпејаа македонската химна и развија македонско оро, симболично прославувајќи го среброто што и оваа година ги кити нивните гради.
Ова во живо, преку Фејсбук, го пренесуваше капитенот Никола Ѓорѓиев преку својот мобилен телефон, а редакцијата на ЕКИПА се потруди да „улови“ дел од моментите…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА