Манчестер Јунајтед денеска ги шокираше своите навивачи со одлуката да ја прекине соработката со најлегендарниот тренер во клупската историја, раскинувајќи го договорот што Сер Алекс Фергусон го имаше како амбасадор на „црвените ѓаволи“.
Фановите се бесни, но исто така и клупските легенди кои своевремено под водство на Ферги освоија бројни трофеи во дресот на Јунајтед.
„Сер Алекс Фергусон би требало да врши каква сака функција во клубот додека е жив. Целосен скандал, каков недостиг на почитување кон овој човек. Сер Алекс засекогаш ќе биде мојот шеф. Фрлам кофа со го..а на управата“, напиша легендарниот Ерик Кантона на својот инстаграм-профил.
Легендарниот дефанзивец Рио Фердинанд не го криеше изненадувањето од потегот на управата.
„Сер Алекс беше закон во клубот, ако тој може да биде тргнат на страна, значи дека никој веќе не е сигурен во клубот. ИНЕОС како нов газда испрати порака до сите“, истакна Фердинанд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА