Легендите на Вардар и Црвена звезда во чест на Кочани (ФОТО+ВИДЕО)

Вардар и Црвена звезда вечерва на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје играат хуманитарен натпревар во чест на настраданите од трагедијата во Кочани.

На теренот на „Тодор Проески“ на полувреме од мечот продефилираа едни од најголемите легенди на Вардар во историјата: Кочо Димитровски, Ванчо Балески, Никола Коки Аврамовски, Илија Најдоски, Зоран Бошковски, Бобан Бабунски, Сашо Тодоровски, Вујадин Станојковиќ, Ѓоре Јовановски.

Во дресови на Црвена звезда, пак, продефилираа: Бошко Ѓуровски, Цветин Благојевиќ, Владимир Петровиќ – Пижон, Јовица Николиќ, Драги Канатларовски, Светислав Караси, Горан Попов…

 

Се вчитува...