Легендите направија фешта: Ветеранското „Ел Класико“ за Реал Мадрид (видео)

Реал Мадрид славеше над Барселона со 3-2 во дуелот на ветераните на двата шпански гиганти на кој блескаа легенди кои во минатото настапуваа на големите „Ел Класико“ пресметки.

Роналдињо од пенал ја доведе Барселона во водство, но Мунитис израмни на 1-1. Алфонсо ја донесе првата предност на Реал Мадрид, но на 2-2 израмни Жофре.

Конечните 3-2 беа дело на Де ла Ред, кој со извонредна соло-акција најпрвин се ослободи од своите чувари, за потоа со прецизен удар од работ на шеснаесетникот да ја затресе мрежата на Барселона.

Се вчитува...