Хуманитарниот меч на 3. јануари само ја потврди сплотеноста во македонските ракометни кругови. Уште еден доказ дека и ретките лични несогласувања секогаш биле оставани зад себе, бидејќи приоритет секогаш била и ќе биде репрезентацијата на Македонија.
Во тој правец, ЕКИПА непосредно пред почетокот на СП во Краков ќе има кратки разговори со дел од ветераните кои настапија на овој ракометен спектакл. Прашањата ќе бидат идентични за сите, а искусните ракометни асови ќе ги искажат своите прогнози за овој светски шампионат, настапот на Македонија на него и за нивните предвидувања за движењето на македонскиот репрезентативен ракомет во годините што следат…
1.Што ќе биде главниот квалитет, а кој би бил најголемиот недостаток, во играта на Македонија во Краков?
Промената на стилот е нешто позитивно, офанзивата со многу трчање и добра транзиција ќе биде наш главен квалитет, ракометот оди токму во тој правец и мило ми е што ние одиме паралелно со тој тренд. Она од што стравувам е притисокот кој го носи јавноста и евентуалната неодлучност во моментите когаќе треба да се донесат вистински решенија, во клучните моменти на теренот.
2. Кој млад македонски играч ќе блесне на ова СП?
Томи Јагуриновски е играч кој ќе добие позначајна минутажа, се наоѓа во добра форма и очекувам да одигра квалитетно на овој светски шампионат.
3. Од кој пласман на Македонија би биле задоволни на престојното Светско првенство?
Минувањето на групата би бил показател дека сме на вистински пат, јас би бил задоволен кога би се пласирале во главната рунда.
4. Кои се најголемите фаворити за титулата светски шампион?
За мене скандинавските репрезентации се главни фаворити за трофејот на овој мундијал. Пред се би ја издвоил Данска како фаворит број 1, а верувам дека може да изненади и Исланд.
5. Има ли македонскиот репрезентативен ракомет сила во иднина да ги достигне и надмине резултатите на вашата генерација?
Зошто да не, ние ја надминавме генерацијата пред нас иако ретко кој веруваше во тоа кога почнувавме. Секако, наша предност беше што го имавме Кире Лазаров, тие се уште го бараат својот лидер и се надевам дека во Краков ќе го пронајдат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА