Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година доживеа убедлив пораз (0-4) од Австрија на арената „Филип Втори“. Тоа е втор последователен пораз откако претходно загубија и од Гибралтар (1-0) во Португалија.
На трибините имаше скромен број гледачи, но, сепак, дојдоа фудбалските ‘фаци’ кои треба да го проценат квалитетот на новите фудбалски надежи. Илија Најдоски, Александар Бајевски, Ѓоре Јовановски, Кочо Димитровски, Гоце Седлоски, Мирко Спасески, Жарко Оџаков, Горан Станковски…беа на трибините на „Филип Втори“ да го следат настапот на надежите.
И, јасно е…Минатата генерација беше многу подобра…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА