Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, би можел кариерата да ја продолжи во Полска. Откако беше на позајмица во тимот на Јагиелонија, играчот би можел да го облече дресот на Легија.
Полските медиуми пишуваат дека од Легија веќе контактирале со Барнли за можноста да го ангажира Чурлинов, но не е познато дали ќе бара нова позајмица, или перманентен трансфер.
Чурлинов ова лето ќе има нов клуб, откако Варнли се врати во Премиерлигата, но нема да смета на него во новата сезона. Тој во минатата сезона мина во Јагиелонија како позајмен, а претходно беше позајмен и на Шалке. Договорот со англискиот тим му истекува во јуни 2026 година.
Legia Warszawa szuka nowych piłkarzy. Jednym z kandydatów do gry przy Łazienkowskiej był były zawodnik Jagiellonii Białystok. Szczegóły na @PilkaNozna_pl https://t.co/2VJwY10IMg
— Paweł Gołaszewski (@golaszewski_p) July 7, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

