Лехечка му одржа лекција на Алкараз и го елиминираше во Доха

Чехот Јиржи Лехечка се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Доха откако го елиминареше во четвртфиналната пресметка еден од најдобрите светски тенисер Карлос Алкараз.

Лехечка му одржа лекција на Алкараз победувајќи во три сета, со 6-3, 3-6 и 6-4, и тоа со пресврт во третиот сет во кој Шпанецот имаше предност и од 2-4.

Претходно, и Данил Медведев ги заврши настапите во четвртфиналето откако го предаде мечот со Канаѓанецот Оже-Алиасим по само еден одигран сет.

Се вчитува...