Лос Анџелес Лејкерс потпишаа двегодишен договор со Кристијан Вуд. Играчот кој треба да ја покрие центарската позиција ќе заработи 5,7 милиони долари.
Договорот е на една година, но со можност за продолжување за сезоната 2024/2025. Вуд ќе биде големо засилување за лејкерс во нивната борба за враќање на врвот на Западот, бидејќи тој е многу вешт играч кој внесува разноврсност во рекетот.
Доаѓањето на 28-годишниот Вуд значи дека Ентони Дејвис ќе има помала минутажа на центар следната сезона. Вуд минатата сезона имаше просек од 16 поени и 7,3 скока за Далас Маверикс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

