Лејкерс ги нападнаа судиите за поразот од Минесота

Лос Анџелес лејкерс ги обвинуваат судиите за нивниот пораз од Минесота Тимбервулфс во четвртиот натпревар од првата рунда од плејофот во Западната конференција во НБА.

Лејкерси водеа речиси во текот на целиот натпревар, имаа +12 на крајот од третата четвртина, десет на средината на последната четвртина, но Вулвс направија пресврт во „луда“ завршница и поведоа со 3-1 во серијата.

„Езерџиите“ сметаат дека одлуките на судиите на крајот го решиле прашањето за победникот. На 33 секунди до крајот на мечот, при водство на Минесота со 114-113, Лука Дончиќ беше во дуел со Џејден МекДаниелс кој го сопна.

Словенецот падна на подот, но судиите не сакаа да досудат прекршок и Лука мораше да бара тајм-аут.

„МекДаниелс го сопна Лука. Беше премногу очигледно. Никој нема да се спушти така. Ја разгледавме ситуацијата и сигурни сме дека го сопна и требаше да имаме две слободни фрлања“, рече тренерот на Лејкерс, Џеј Џеј Редик.

Лејкерси тврдат дека тука не бил крајот на лошите судиски одлуки. Со истиот резултат на 10,1 секунди до крајот на мечот, Леброн беше во дуел со најдобриот играч на Минесота, Ентони Едвардс, на кого му ја исфрли топката, а потоа таа им беше доделена на Лејкерси.

Сепак, клупата на Минесота побара да се провери ситуацијата и потоа судиите досудија две слободни фрлања за Едвардс, кој ги погоди за конечни 116-113.

Се вчитува...