Лејкерс го добија дербито со Бостон, нова залудна магична партија на Дончиќ (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во НБА лигата ЛА Лејкерс славеше во дербито против Бостон Селтикс со 95-96. Ентони Дејвис со 27 поени беше прво име во таборот на тимот од ЛА, додека Леброн Џејмс заврши со 21 поен. Кај поразените Џејсон Тејтум уфрли 30 поени.


Залудна е уште една одлична партија на Лука Дончиќ, бидејќи неговиот Далас Маверикс загуби од Феникс Санс со 105-111. Словенецот мечот го заврши со 29 поени, надополнети со осум скока и седум асистенции.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда Чикаго – Портланд 122-123, Шарлот – Милвоки 126-114, Њу Орлеанс – Хјустон 112-126, Мајами – Сакраменто 105-104, Сан Антонио – Мемфис 105-111 и Голден Стејт – Детроит 118-91.

Се вчитува...