Лејкерс го решија Милвоки, Вориорс „треснат“ од Њујорк Никс (ВИДЕО)

Актуелниот шампион Лос Анџелес Лејкерс стигна до триумф на гостувањето кај Миловки од 106-113 во дербито на вечерта во НБА лигата. Леброн Џејмс со 34 поени, надополнети со осум асистенции и шест скока ги предводеше Лејкерс до 12 триумф сезонава. Кај поразените Јанис Адетокумбо уфрли 25, додека Крис Џру Холидеј три помалку.

Њујорк Никс беше подобар од Голден Стејт Вориорс со 104-119. РЏ Берет со 28 поени беше прво име кај победникот додека за Вориорс не беа доволни ниту 30 поени на Стеф Кари.

Во последниот натпревар од синоќешната програма Јута Џез беше сигурна против Њу Орлеанс Пеликанс 129-118.

Се вчитува...