Една од најголемите франшизи во НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс ќе заработи 12 милиони долари од последните осум натпревари од регуларниот дел од сезоната кои тимот ќе ги одигра во Орландо. Лејкерс заработуваат по 1.5 милиони долари за секој натпревар кој се емитува на локалниот емитер.
„Извори од лигата велат дека осумте мечеви од регуларниот дел од сезоната како и во нормални услови ќе им бидат дозволени на локалните телевизии да ги емитуваат, како би можеле тимовите да ги добијат финансиите од ТВ правата“, пренесуваат американските медиуми.
Тимовите во НБА лигата исто така имаат договори со локалните емитери и за првата рунда од плеј-офот, што значи дека само од оваа ставка тимовите кои ќе бидат дел од разигрувањето ќе имаат дополнителна заработак само од локалните медиуми. Пред прекинот на сезоната Лејкерс беа тим со најдобар скор во Западната конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА