„Лејкерс мора да се ослободат од Леброн Џејмс“

Поранешниот НБА кошаркар, Пол Пирс смета дека Лос Анџелес Лејкерс треба да го трејдаат Леброн Џејмс. Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс се еден од најсилните тимови во Западната конференција и ја започнаа сезоната со седум победи и три порази.

Пол Пирс истакна дека Лос Анџелес Лејкерс треба да го трејдаат Леброн Џејмс.

„Лејкерс изгледаат добро и треба да се ослободат од Леброн Џејмс. Лука е главен играч и сите го знаат тоа. Погледнете како игра и што прави со топката и што Леброн може да направи сега. Јасно е дека Лука е плејмејкер. Леброн не е шутер, не се вклопува. Сакате да го претворите Леброн во Дрејмонд Грин. Немојте, луѓе, тој не е Дрејмонд“, рече Пол Пирс.

Се вчитува...