Според ESPN, косопственичката на Лос Анџелес лејкерс, Џини Бас, во последните неколку години е критична кон лидерот на тимот, Леброн Џејмс. Семејството Бас го продаде својот мнозински удел во франшизата во Калифорнија на Марк Волтер минатата година.
Бас наводно била незадоволна од она што го сметала за преголемо его на Леброн и влијанието што менаџерската агенција „Клач Спортс“, на која припаѓа и Џејмс, го имала врз одлуките на тимот.
Исто така, не и се допаѓало што Леброн често се сметал за спасител на франшизата и сметала дека 41-годишникот не презел соодветна одговорност по неуспешната размена за Расел Вестбрук.
Според ESPN, Бас размислувала да не го обнови договорот на Џејмс, па дури и разговарала за негова размена. Исто така, наводно сметала дека Леброн не бил доволно благодарен што го доведоа во Лејкерс неговиот син, Брони.
Лејкерс на крајот го обновија договорот со Џејмс, но одлуката е донесена во голема мера поради загриженост за негативен публицитет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

