Марк Вилијамс од Шарлот, нема да стане дел од ЛА Лејкерс, откако кошаркарот падна на лекарските прегледи. Првично се сметаше дека талентираниот центар има проблеми со грбот, но Лејкерси биле загрижени и за други работи, односно изразуваат сомнеж за повредата, па така тој ќе се врати во Шарлот.
За овој трент, Далтон Кнехт и Кам Редиш требаше да заминат во спротивна насока, меѓутоа до тоа нема да дојде.
Згора на тоа Лејкерси останаа без центарот кого го сметаа за еден од адутите во плеј-офот и напад на шампионскиот прстен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА