Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс заработи повреда на препоните на левата нога за време на натпреварот што Лејкерс го загубија од Бостон Селтикс. Новинарот на „ЕСПН“ Дејв Менемин дознава дека е премногу рано да се одреди точно кога „кралот“ би можел да се врати на теренот.
Тој исто така изјави дека се очекува да паузира неколку недели, а не само неколку дена, како што првично беше најавено.
„Нема голема работа, би требало да бидам подготвен за неколку дена. Ќе видиме како ќе напредува закрепнувањето“, рече Џејмс.
Леброн претходно имаше слична повреда на крајот на 2018 година. Потоа почувствува болка во задната ложа и затоа ги пропушти следните 17 натпревари бидејќи доживеа руптура.
Медицинскиот персонал на Лејкерс наводно смета дека проблемот е поблаг отколку тогаш, а Џејмс го дели истиот став.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

