Лејкерс продолжува со поразите, Кари го предводеше Голден Стејт до победа (ВИДЕО)

Кошаркарите на Голден Стејт го совладаа составот на Кливленд со 106-101 благодарение на првата ѕвезда Стеф Кари кој уфрли 40 поени. Беше потребна оваа партија на Кари за шампионите да слават победа против Кливленд, кој и покрај добрата партија, сепак, заминува со пораз.

Кливленд имаше водство од +11 на средината на третиот период, а потоа почнува „шоуто“ на Кари и неговите согирачи. Самиот Кари го донесе пресвртот на 1:18 до крајот, врзувајќи 10 поени од кои две тројки. Втор стрелец за Вориорс беше Еднру Вигинс со 20 поени.

Со одличната серија во последниот период од 8-1, Сакраменто Кингс му нанесоа нов пораз на ЛА Лејкерс со 120:113. Фокс со 32 поени ги предводеше Кингси до победа, а го следеше Сабонис кој уфрли 21 поен. Лејкерс без Леброн тешко се носи со противници, а најефикасен во нивните редови беше Ентони Дејвис. Инаку ова беше деветиот пораз на Лејкерс во 11 натпревари.

НБА, РЕЗУЛТАТИ

Бостон – Денвер 131:112

Орландо – Феникс 114:97

Њујорк – Детроит 121:112

Оклахома – Торонто  132:113

Сан Антонио – Милвоки  111:93

Мемфис – Минесота  114:103

Голден Стејт – Кливленд 106:101

ЛА Лејкерс – Сакраменто 114:120

Се вчитува...