Ноќеска во НБА лигата се одиграа девет натпревари, во кои единствено Јута Џез на гостувањето кај Кливленд заврши со под 100 постигнати поени. На крајот Кливленд славеше со 122-99, додека на останатите мечеви сите екипи дадоа троцифрен учинок.
После две победи, Лос Анџелес се врати на старите навики – на поразите. Ноќеска Лејкерси „изгореа“ кај сонцата во Феникс и беа поразени со 130-104. Клучната разлика Феникс ја направи во првиот дел во кој направи разлика од дури 24 поени (68-44). И покра желбата на Лејкерс да се врати во мечот, сепак, немаше сили и можност, па на крајот „сонцата“ ја однесоа победата. Со тоа Феникс го украде шоуто на Шредер од Лејкрс кој поситгна 30 поени. Пол кај Феникс беше најефикасен со 28, а во голема мера му помогна Ајтон кој постигна 21 поен, но имаше и 11 скокови.
Лука Дончиќ имаше скромна партија постигнувајќи 19 поени во нешто помалку од 29 минути минати на паркетот во дуелот со Минесота. Словенецот беше фрустриран и реагираше на една одлука на судиите, по што заедно со тренерот Кид беа исклучени од наптреварот. Расположените Едвардс и Рид кои постигнаа по 27 поени за Минесота, успеаја да го совладаат Далас и да ми ја донесат на својот тим 16-тата победа во 31-виот натпревар. А, Далас одлично го почна првиот период по кој се стекна со предност од девет разлика. Меѓутоа разликата веднаш се стопи во вториот период во кој Минесота направи пресврт и на полувремето веќе имаше предност од 13 поени. Во третата четвртина разликата само се зголемуваше. И покрај обидите на Далас да се врати во последниот период, сепак, само успеа да намали од разликата за конечни 116-106.
Luka Doňcić : 19 points on 5-17 shooting, 3-8 from 3, 6-7 from the FT line, 6 rebounds & 7 assists in 28 minutes (Ejected with 2 minutes left in the 3rd quarter for arguing with the referees. Jason Kidd was ejected soon after) pic.twitter.com/W57a4gr9xw
— Lee Harvey (@MusikFan4Life) December 20, 2022
Јанис Адетокумбо блескаше со 42 поени во победата на неговиот тим од 119-128 на гостувањето кај Њу Орлеанс. Во интересен и неизвесен натпревар, разликата Милвоки ја направи во вториот и третиот период, кога дојде до +10 разлика, па во последниот период во еден момент и до +18 што беше недостижно за Њу Орлеанс.
НБА, РЕЗУЛТАТИ
Кливленд – Јута 122-99
Филаделфија – Торонто 104-101 (по прод.)
Атланта – Орландо 126-125
Хјустон – Сан Антонио 105-124
Минесота – Далас 116-106
Њу Орлеанс – Милвоки 119-128
Оклахома – Портланд 123.121
Феникс – ЛА Лејкерс 130-104
Сакраменто – Шарлот 119-125
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

