Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го освоија седмото место во Западната конференција и со тоа си закажаа серија против Мемфис Гризлис, откако во трилер натпревар по продолженија во плеј-ин фазата славеа на домашен терен против Минесота Тимбервулвс со 108-102.
Леброн Џејмс со 30 поени беше прво име во таборот на „езерџиите“, додека кај поразените Карл Ентони Таунс уфрли 24 поени.
Во плеј-офот е и Атланта Хоукс која изненадувачки славеше на гостувњето кај Мајами Хит со 105-116. Тре Јанг со 25 поени беше најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 33 поени на Кајл Лаури.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

