Лејкерси демолирани од Милвоки без Леброн и без Дончиќ, но Брони конечно се покажа (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс доживеаја убедлив пораз од Милвоки на домашен терен со 89-118 и повторно сега ќе се мачат во борбата за второто место во Западната конференција.

Без Лука Дончиќ и Леброн Џејмс, но и без Ривс Клебер, Хачимура и Фини-Смит, Лејкерси очигледно не можеа ништо повеќе против расположените Милвоки кои уште во првата четвртина поведоа со 17 разлика, а највисокото водство им изнесуваше 35 поени.

И Јанис Антетокумпо мина само 29 минути на паркетот, завршувајќи со 28 поени со кои беше најдобар стрелец на мечот.

Во отсуство на главните играчи на Лејкерс, поголема шанса доби синот на Леброн Џејмс, Брони и ја одигра својата најдобра партија. За 30 минути оствари личен рекорд од 17 поени, со шут од игра 7/10. Ова беше и негов најголем број упатени удари бидејќи претходно „рекорд“ му беше шест.

Лејкерс сега се на четвртата позиција на Западот, на 13 меча пред крајот на основниот дел од сезоната, но го завршија пеколниот распоред, а наскоро би требало да се врати и Леброн Џејмс.

НБА – РЕЗУЛТАТИ

Голден Стејт – Торонто 117-114
Сакраменто – Чикаго 116-128
Шарлот – Њујорк 115-98
Индијана – Бруклин 105-99
ЛА Лејкерс – Милвоки 89-118

Се вчитува...