Лејкерси добија предупредување за Дончиќ: Внимавајте, пивото и наргилето не се негов единствен проблем! (ВИДЕО)

Многу се очекува од Лука Дончиќ следната сезона во дресот на ЛА Лејкерс. Неговата физичка трансформација воодушеви многумина ова лето, иако сега пристигнуваат предупредувања до клубот залошите навики на Дончиќ надвор од теренот, поради кои наводно морал да го напушти Далас.

Кошаркарскиот свет беше во шок на почетокот на оваа година од размената на Лука Дончиќ, кога Далас Маверикс решија да им го дадат на ЛА Лејкерс. Навивачите на Далас сè уште не разбираат зошто челниците на клубот толку лесно се откажаа од својот најдобар кошаркар, но со текот на времето работите се чини дека стануваат појасни.

Дончиќ беше критикуван и во Лејкерс за неговиот физички изглед и дека бил „запоставен“, но тој ги воодушеви затоа што покажа фантастична физичка трансформација пред Евробаскетот со Словенија и дека е целосно подготвен за новата сезона.

Сепак, многумина ги предупредуваат Лејкерс дека физичката подготвеност не била проблем на Дончиќ со Лејкерс, туку дека тоа биле работите што ги прави надвор од паркетот. Лејкерси беа предупредени дека мора да се грижат за животот на Дончиќ надвор од теренот и начинот на кој го поминува слободното време, и да го ограничат колку што е можно повеќе.

Често, и сега, може да се види во клубови како пие алкохол, а негова „слаба точка“ е пивото што го консумира најмногу. Покрај пивото, постои и наргиле, кое Дончиќ исто така често го користи, но како што изјави новинарот на ЕСПН, Марк Спирс, пивото и наргилето не се единствените проблеми во животот на словенечкиот кошаркар и дека работата е многу покомплицирана.

„Сега во јавноста се појавуваат многу негативни приказни за неговото време во Далас. Секако има работи за кои не се зборува и кои се обидуваат да се сокријат. Јас самиот слушнав некои приказни за Дончиќ кои не се познати на јавноста“, вели Спирс и продолжува.

„Наргилето и пивото не се единствените проблеми кога станува збор за Дончиќ. Се плашам дека во наредниот период можеби ќе се открие што се случило во Далас и зошто клубот толку лесно се ослободил од него“.

Се вчитува...