Лејкерси го сакаат назад кошаркарот од кого се откажаа поради славна пејачка

Со оглед на тоа дека ЛА Лејкерс ќе останат без големи ѕвезди кои од ова лето се слободни играчи, „езерџиите“ се насочуваат кон кошаркари од „Б категорија“, за да најдат партнер на Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Сега фокусот е на враќање на кошаркарот од кого така лесно се откажаа пред две години – Д’Анџело Расел од Бруклин. Лејкерси во 2015 година го избраа како втор на драфтот, но по две години Меџик Џонсон се одлучи да се ослободи од него откако Расел јавно го откри неверството на тогашниот соиграч Ник Јанг кон својата девојка и славна пејачка Иги.

Изминатава сезона Расел за првпат заигра и на Олстар натпреварот. Ниту Меџик, ниту Јанг повеќе не се во тимот на ЛА Лејкерс, на Расел му завршува договорот па „езерџиите“ сега можат да го вратат во своите редови.

Се вчитува...