Лејкерси не знаат без Дончиќ и без Леброн, Никси полни енергија ја „здробија“ Јута (ВИДЕО)

Кошаркарите на Бостон ја оправдаа својата улога на фаворити против Лос Анџелес Лејкерс победувајќи со 126-105 во синоќешниот натпревар од НБА лигата.

Лејкерсите беа ослабени со отсуството на Лука Дончиќ, кој очекува второ дете со сопругата, и Леброн Џејмс, кој страда од болки во грбот.

Остин Ривс беше најефикасен кај Лејкерс со 36 поени, осум асистенции и три скока. За Бостон, најдобри беа Џејлен Браун со 30 поени, осум скока и осум асистенции и Дерик Вајт со 19 поени, шест асистенции и пет скока.

Лејкерсите го држат четвртото место на Западот со 16-6, додека Селтиксите се четврти на Истокот со 14-9.

Дени Авдија не можеше да му помогне на Портланд на гостувањето во поразот од Детроит (122-116). Израелско-српскиот бек го заврши натпреварот со 35 поени, девет скока и седум асистенции. На другата страна, Кејд Канингем беше најефикасен со 29 поени, девет асистенции и четири скока.

Њујорк беше полн со енергија во дуелот со Јута и убедливо победи со 146-112.

Џејлен Брансон ги предводеше Никсите со 33 поени и четири асистенции, а го следеше Мајл Мекбрајд со 22 поени. Карл-Ентони Таунс имаше 18 поени, девет скока и четири асистенции. За Џез, Кејон Џорџ беше најдобар со 18 поени и четири асистенции. Лаури Марканен додаде 18 со девет скока. Јусуф Нуркиќ го заврши натпреварот со четири поени и шест скока.

Никсите се втори на Истокот со скор од 15-7, додека Јута е 11-та на Западот со 8-14.

Кливленд победи и дома во дуелот со Сан Антонио (130-117).

Донован Мичел ги предводеше Кавалирс со 28 поени и осум асистенции. Џејлон Тајсон имаше 24 поени и шест скока, а Иван Мобли имаше 17 поени, 10 скока и пет асистенции. Девин Васел постигна 28 поени за Спарс, а Дирон Фокс додаде 25 со девет асистенции и пет скока.

Кливленд е осми на Истокот со скор од 14-10, додека Сан Антонио е петти на Западот со 15-7.

НБА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ
Селтикс – Лејкерс 125-106
Меџик – Хит 106-105
Хокс – Нагетс 133-134
Кавалирс – Спарс 130-117
Пистонс – Блејзерс 122-116
Никс – Џез 146-112
Репторс – Хорнетс 86-111
Булс – Пејсерс 105-120
Рокетс – Санс 117-98
Гризлис – Клиперс 107-98
Бакс – Сиксерс 101-116
Тандер – Маверикс 132-111

Се вчитува...