Феникс Санс ги изненадија Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен, победувајќи ги со 132:108 за нивната 16-та победа сезонава. Ова беше нивен меѓусебен трет меч сезонава, и втора победа на „Санси“.
Лејкерси покажаа колку се ранливи без Лука Дончиќ, кој го пропушти мечот поради повреда на листот. Феникс го искористи ова и имаше двоцифрена предност на полувремето, само за да го скрши отпорот на ривалите во третата четвртина и практично да го реши прашањето за победникот.
Санс до победа ги водеше Дилон Брукс кој постигна 25 поени. Леброн Џејмс кај Лејкерс даде 23 поени.
Кошаркарите на Далас го победија тимот на Денвер минимално со 131-130, и дојдоа до 12-ти триумф сезонава. Денвер ја пропушти можноста да се приближи до Оклахома, а исто така го загуби и второто место на табелата од Сан Антонио.
НБА, РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Вашингтон 126:109
Филаделфија – Бруклин 106:114
Атланта – Чикаго 123:126
Кливленд – Њу Орлеанс 141:118
Индијана – Милвоки 94:111
Мајами – Торонто 91:112
Далас – Денвер 131:130
Минесота – Њујорк 115:104
Сан Антонио – Оклахома 130:110
Феникс – ЛА Лејкерс 132:108
Јута – Мемфис 128:137
Портланд – Орландо 106:110
Сакраменто – Дероит 127:136
ЛА Клиперс – Хјустон 128:108
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

