Лејкерси понижени од Хјустон, Дончиќ лут: „Ова е веќе непријатно… не разбија“

Хјустон Рокетс ги победија ЛА Лејкерс со 119-96 изминатава ноќ и им приредија на своите навивачи божиќен спектакл.

Тренерот на тимот од Калифорнија, Џеј Џеј Редик, не ги криеше своите фрустрации, истакнувајќи дека играчите не се заинтересирани за ништо и дека ова е голем проблем.

„Не ни е гајле за ништо. И тоа најмногу ме мачи. Не сакаме да правиме што е потребно за да победиме. Не сакаме да бидеме професионалци. Во саботата, на тренинг, им кажав дека следната средба ќе биде многу непријатна. Не сакам уште 53 натпревари вакви“, рече видливо лутиот Редик.

Лејкерс сега имаат скор од 19-10 и понекогаш изгледаат неконкурентни, а Рокетс ги прегазија.

„Имам само два збора – напор и задачи. Но нè видов како се обидуваме или ги завршуваме задачите, не бевме добар тим, не игравме добра кошарка, бевме ужасни. Сè е прашање на тоа каков избор ќе направите. Момците донесоа лоши одлуки и се плашам дека тоа станува константа“, рече Редик.

Дончиќ го заврши натпреварот со 25 поени, 5 скока, 7 асистенции и дури 6 изгубени топки… Но, и тој беше видно разочаран од мечот.

„Навистина не знам што треба да се промени, но нешто дефинитивно ќе мора да се промени. Бевме поразени од нашите противници во последните три одиграни натпревари. Изгледаме многу лошо. Мора да најдеме решение, да видиме што треба да се направи и прво да разговараме за тоа. Сите ние. Знам дека Џеј Џеј рече дека ќе биде непријатно и треба да биде. Сите треба да бидат подобри, почнувајќи од мене“, рече искрениот Лука Дончиќ.

Се вчитува...