Лејкерси шокирани од Орландо, Дончиќ и Леброн во последните секунди испуштија победа (ВИДЕО)

Кошаркарите на Лос Анџелес претрпеа болен пораз на домашен терен од Орландо, кој триумфираше минимално со 110-109.

Одлуката дојде на самиот крај кога Вендел Картер шутираше шест секунди пред крајот на натпреварот. Лејкерси имаа уште еден последен шут за победа, најпрво Дончиќ имаше отворен шут, но се реши да додаде до Леброн Џејмс кој не успеа да погоди тројка со сирената, па победата им припадна на гостите.

Орландо до триумфот го предводеше Паоло Банчеро со 36 поени, десет скока и шест асистенции. Дезмонд Бејн додаде 22 поени и шест асистенции. Картер го заврши натпреварот со 20 поени и 12 скока, додека Тристан Да Силва постигна 13 поени со шест скока и три асистенции.

Најзначаен играч за Лејкерси беше Лука Дончиќ, кој постигна 22 поени, имаше 15 асистенции и девет скока, пропуштајќи го за еден скок за трипл-дабл. Деандре Ајтон и Леброн Џејмс додадоа по 21 поен. Ајтон го заврши натпреварот со 13 скока, додека Џејмс имаше шест скока и четири асистенции.

НБА, РЕЗУЛТАТИ

Индијана – Филаделфија 114:135
Атланта – Вашингтон 119:98
Бруклин – Далас 113:123
Кливленд – Њујорк 109:94
Торонто – Оклахома 107:116
Чикаго – Шарлот 99:131
Милвоки – Мајами 128:117
Њу Орлеанс – Голден Стејт 113:109
Финикс – Бостон  81:97
Портланд – Минесота 121:124
ЛА Лејкерс – Орландо 109:110

Се вчитува...