Лејно: Сакам титули, сега со Вардар, догодина со Ѓер

Речиси сите ракометарки на Вардар веќе потпишаа договори со нови клубови за наредната сезона, а Амандин Лејно е единствената од нив што кариерата ќе ја продолжи токму во Ѓер – клубот со кој утре ќе води битка за искачување на тронот на Европа. Французинката со низата одлични одбрани беше најзаслужна за денешната победа над Ростов, но скромна како и секогаш таа ги подели комплименти со остатокот од тимот.

„Ростов е одличен тим и ни создаде многу проблеми, но за среќа одигравме одличен меч и заслужено победивме. Не е важно колку одбрани сум имала, најважно е тимот да победува и да се најде во големото финале. Горда сум на оваа екипа, сега ни претстои уште еден чекор за остварување на заедничката желба што ја имаме со години наназад. Јас сакам титули, сега да ја освојам со Вардар, па догодина пак да славам со Ѓер“ – прокоментира Лејно по натпреварот.

Се вчитува...