Новиот македонски селектор Жозеп Марија Берокал се соочи со првиот проблем како кормилар на националниот тим, откако Лејсон Зеќири мораше да го откаже настапот на претстојните дуели од претквалификациите против селекциите на Луксембург и на Азербејџан.
Крилниот центар го информирал стручниот штаб дека поради проблеми со коленото нема да може да помогне на националниот тим во наредниот период.
Берокал ќе ги продолжи подготовките со 15 кошаркари, од кои дополнително ќе избере 12 кои ќе настапат на неговото селекторско деби против селекцијата на Луксеммбург, меч закажан за 27 февруари во салата „Градски парк“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

