Младинскиот репрезентативец на Македонија, Лејсон Зекири со дабл-дабл учинок до 30 поени и 10 скока беше предводникот на Приштина во дерби натпреварот против Башкими кој траеше 50 минути, а „сино-белите“ славеа со 104-105.
Дваесетгодишникот беше одигра фантастичен натпревар во кој беше и херој за својот тим откако во регуларниот дел од натпреварот донесе изедначување (81-81) на 21. секунда пред крајот, а потоа со серија од шест поени во низа го одведе својот тим на водство од 93-99 на минута и пол до крајот на второто продолжение.
Дабл-дабл учинок од 11 поени и 13 скока од кои три во нападот запиша и неговиот постар брат, Јетмир Зекири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА