Лејвер куп: Андерсон го победи Ѓоковиќ, тимот Свет не се предава

Тандемот Ник Кирјос – Џон Сок ја направи егзибициската тениска пресметка меѓу тимовите на Европа и на Светот интересна во пресрет на последниот натпреварувачки ден. Австралиецот и Американецот забележаа победа од 2-0 во сетови над европската двојка Давид Гофин – Григор Димитров во последниот меч од вториот натпреварувачки ден и ја намалија предноста на составот од „стариот континент“ на 7-5.

Јужноафриканскиот тенисер, Кевин Андерсон претходно освои два поена за екипата Свет откако во реприза на финалето од Вимблдон, во три сета со 2-1, го победи Новак Ѓоковиќ.

Претходно европскиот тим оствари две победи. Роџер Федерер славеше над Ник Киријос со 2-0 во сетови, а триумф со 2-1 во сетови оствари Александар Зверев над Џон Иснер.

Андерсон ја забележа првата победа за тимот Свет во сингл мечевите.

На последниот ден Федерер ќе игра против Иснер, Ѓоковиќ против Кирјос, Зверев против Андерсон, а во двојки ќе се борат Федерер/Зверев против Иснер/Сок.

 

 

Се вчитува...