Лекарите ја поддржа петицијата – Јавноста во Јапонија се сплоти во намерата да се откажат ЛОИ

Уште помалку од десет недели остануваат за старт на Олимписките игри во Токио, а притисокот од јавноста во Јапонија се’ повеќе расте со цел да се откаже најголемото светско спортско шоу. Последниот во низата гласови против организација на Игрите дојде и од лекарите.

Организацијата на јапонските медицински лица ги повика организаторите да го откажат од овој спортски настан. Како причина, тие наведоа дека болниците се веќе полни и дека на земјата и е сè потешко да се бори против коронавирусот, кој е во својот врв во Јапонија.

„Ги повикуваме властите во Јапонија да разговараат со Меѓународниот олимписки комитет. Не е можно да се одржат Игрите во овие услови. Доаѓањето на над 20.000 луѓе само би го зголемило ризикот од инфекција“, се вели во писмото до Јапонската Влада, кое го потпишаа над шест илјади лекари.

Во моментов во сила е вонредна состојба во Токио, која е продолжена до 31 мај. Најновите истражувања велат дека над 80 проценти од Јапонците се или за одложување или за дефинитивно откажување на Олимписките игри во Токио.

Се вчитува...