Лекарите со јасна препорака до Мењон по страшниот судир

Мајк Мењон нема да може да настапи за Милан на наредниот натпревар од Калчо-лигата во кој „росонерите“ за противник ќе ја имаат Аталанта, информираат италијанските медиуми.

Французинот заработи повреда по страшниот судир со соиграчот Хименез на последното гостување против Удинезе, по што ја мина ноќта во болница. Беше утврдено дека Мењон има потрес на мозокот, состојбата во меѓувреме му се стабилизираше, но италијанските медицински препораки за вакви случаи се децидни – голманот не смее ниту да тренира ниту да игра седум дена по пуштањето од болница.

Ова практично значи дека Мењон ќе биде надвор од тренажен процес до крајот на оваа седмица, а за утре му е закажано компјутерско скенирање на главата, за да се осигураат дека нема дополнителни последици од страшниот судир со Хименез.

Доколку се биде во најдобар ред, Мењон ќе може да се врати на терените на реваншот од полуфиналето на Купот на Италија против Интер закажан за следната среда.

Се вчитува...