Светското здружение на лекари (WMA) ги повика своите членови да не ги применуваат новите правила на Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) кои го лимитираат нивото на „тестостерон“ кај атлетичарките. Судот за Арбитража во спортот во Лозана ја одби жалбата на олимписката шампионка на 800 метри, Кастер Семења, која бараше да бидат поништени новите правила на ИААФ.
„Имаме големи сомнежи дека не е етички исправно применувањето на ваквите правила. Тие се темелат на слаби докази за кои има широка дебата во научната заедница. Поради ова повикуваме да бидат повлечени и нашите членови да не ги прават тестовите“, изјави претседателот на Сетрското здружение на лекари, д-р Леонид Ејделман.
Според новите правила, атлетичарките со природно високо ниво на „тестостерон“ кои сакаат да се натпреваруваат на трките од 400 метри до 1.500 метри ќе мораат медицински да го лимитираат под 5 nmol/L.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА