Лекарот на колумбиската селекција: „Хамес има проблем со главата, поважни му се веѓите и косата од фудбалот“

Како една од најголемите ѕвезди на СП 2014 во Бразил се издвои младиот Колумбиец Хамес Родригез, најдобар стрелец на Мундијалот и сопственикот на најубавиот погодок на турнирот.

Беше надоаѓачка ѕвезда поради што следеше трансферот за 70 милиони евра во Реал Мадрид. Но, воопшто не ја оправда довербата, па Зинедин Зидан го отпиша уште во својот прв манда, беше испратен на позајмица во Баерн Минхен, и сега повторно е во Мадрид но неговата иднина повторно е под знак прашање.

„Дечкото не е фокусиран. Место да се подготвува за фудбалот да мисли на новата сезона, за него секогаш е поважно да оди по салоните и да ги средува своите веѓи и косата, и тоа во време кога треба да тренира. Големите клубови како Реал Мадрид очекуваат професионализам, подготвени фудбалери. Но, ова момче има проблем со главата“ – вели поранешниот лекар во колумбиската репрезентација, Хектор Фабио Круз.

 

Хектор тврди дека тој никогаш повеќе нема да биде класа фудбалер…

„Уште поодамна кажав дека нема да биде ништо затоа што го гледав неговото однесување. Погледнете го Кристијано Роналдо. Зеде само една недела одмор, го однесе семејството во Грција и потоа веднаш се врати заедно со 15 лица да се подготвува за новата сезона. А, Хамес замина од Светското првенство повреден, и и покрај тоа што сите му кажувавме дека ќе мора повредата да биде санирана за да биде подготвен за сезоната, тој си зеде приватен авион и замина повеќе од три недели да ужива на плажа. Затоа нема да биде тоа што сите очекуваа од него“ – вели Фабио Круз.

Се вчитува...