Лекиќ и Радичевиќ го напуштија шампионот Ѓер за да направат шампион од Вардар

ЕКИПА во Будимпешта,Билјана Б.Петрушева, Игор Паневски

Андреа Лекиќ и Јованка Радичевиќ во 2013 година беа на европскиот трон со екипата на Ѓер. И токму кога беа на врвот решија да го напуштат Ѓер и да го облечат дресот на Вардар. Чертири години подоцна, тие повторно се борат за европскиот трон. И тоа во една помалку необична ситуација. Со Вардар се борат против Ѓер за нова шампионска титула и за убава спортска приказна.

Vardarki vo Budimpesta

Пред четири години кога Лекиќ и Радичевиќ дојдоа во Скопје, тоа беше вистинска сензација во европскиот женски ракомет. Ѓер беше европски шампион, а Вардар беше нов проект, нов македонски шампион што ги прави првите чекори во големото друштво. Трансферот на Лекиќ, тогаш со титула најдобра ракометарка во светот во изборот на ИХФ и на Радичевиќ, и двете актуелни шампионки во ЛШ, всушност беше темелот на овој силен Вардар кој денеска игра за победничкиот пехар во Лигата на шампините.

Во „црвено-црниот“ дрес дојдоа и заминаа многу ракометарки во овие четири години, но столбовите на тимот останаа – Лекиќ, Радичевиќ и малку пред нив Ина Суслина. Кога дојдоа во Скопје сите ја истакнаа истата цел, со Вардар да ја освојат шампионската титула во Лигата на шампионите. Три години по ред беа блиску, но сонот секогаш завршуваше во полуфиналето на Ф4 и три пати по ред од Будимпешта ја носеа само бронзата. Но, годинава Вардар покажа дека е зрел и за тој чекор напред. Во речиси беспрекорната сеозна вардарки беа први во групната фаза од ЛШ, први во главната фаза, супериорни во четвртфиналето со Митјиланд и конечно, доминантни во полуфиналето на Ф4 против ЧСМ Букурешт.

leki joka

„Денеска е чест да се биде дел од Вардар и да се носи овој „црвено-црн“ дрес“ –  гордо ќе рече Андреа Лекиќ по извонредната партија на вардарки во вчерашното полуфинале.

На радоста и немаше крај по вчерашниот меч со ЧСМ Букурешт, а токму Андреа и Јока беа најгласни во прославата на победата на поминување во микс-зоната. Треба тоа да се чуе…оти, едноставно не може да се прераскаже.

radost vardarki 11

„Срцето ми е преполно, се надевам дека годинава ќе го славиме пехарот. Навистина го заслужуваме. Ни требаа три години за да дојдеме до финале во Лигата на шампионите. Но, сега сме овде и нема да се предадеме“ – во свој стил додаде Јованка Радичевиќ најавувајќи го денешното големо финале.

Шампионите секогаш размислуваат шампионски. И секогаш се борат за нови титули. Една со Ѓер, втората можеби веќе денеска со Вардар…

Се вчитува...