ЕКИПА во Будимпешта,
Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски
Вардар го загуби со 31-30 драматичното финале во Лигата на шампионите против Ѓер, во херојска игра и по продолженија. Андреа Лекиќ беше еден од големите адути на македонскиот тим, но на крајот се чини дека Ѓер доби и мала помош од судиите, покрај домашниот терен и своите навивачи во салата.
„Страшно сум разочарана. Имавме неправедна ситуација и нееднаков третман од судиите. Им честитам на Ѓер на титулата. Но, мораме да се носиме некако, и ако сакаме да освоиме злато следната година, мораме да бидеме подобри и од сето тоа. Никогаш не барам алиби, но мачно е кога вака ќе се загуби. Навистина лавовски се боревме сите 70 минути, против домашен тим Ѓер, и против цела сала со домашни фанови“, изјави Андреа Лекиќ по поразот во финалето на Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА