Емотивно беше денеска во СЦ „Јане Сандански“, каде ракометарките на Вардар го играа последниот натпревар на домашен терен во Лигата на шампионите. Ерата на дрим-тимот од Скопје траеше пет години, денешниот меч заврши со убедлива победа над Митјиланд, но ракометарките по мечот повеќе тагуваа за крајот на една неверојатна епизода во кариерите отколку што се радуваа на новиот пласман на Ф4 турнирот во Будимпешта.
„За овој меч не може да се зборува само за ракомет, бидејќи мислите ни беа и на друго место. Ова ни беше збогување, а мене лично ќе ми недостига Македонија, овој терен, овие луѓе… Горда сум на сето она што го направив, можам да ветам дека ќе го дадеме најдоброто од нас во Будимпешта, се надевам дека овојпат ќе ја освоиме титулата што толку многу ја посакуваме. Ми беше чест да бидам дел од ова прекрасно семејство“ – изјави Андреа Лекиќ на прес-конференцијата по натпреваро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА