Лекиќ: Ова е последен пат, да го направиме како што треба!

ЕКИПА во Будимпешта,

Билјана Б.Петрушева, Кристијан Димевски

Вардар во овој состав викендов последен пат е во Лигата на шампионите и пред себе ја има последната шанса да стигне до посакуваната титула. Најдобрата сезона и најавениот крај, ги измешаа емоциите и  не оставија многу зборови дури и кај оние вообичаено, „најзборливите“ вардарки кои имаат што да кажат и на терен и пред микрофон.

Андреа Лекиќ во изминативе пет години беше „глава и срце“ и заштитен знак на Вардар. Дојде во Вардар со шампионска и со титула најдобар играч во светот во 2013. Желбата да се подигне шампионскиот пехар со Вардар останува подеднакво силна и пред овој Ф4 викенд во Будимпешта. Но, зборови има се помалку…

Немаме избор, ова е последен пат на Вардар и ќе потрудиме да го направиме тоа што треба“ – кратко вели Андреа Лекиќ.

За никого во „црвено-црниот“ табор не беше лесна оваа сезона на која за два дена ќе биде ставен крајот. Се чувствува тоа во секоја изјава пред Ф4 турнирот.

„Се надевам дека дека ова ќе заврши на најубавиот можен начин. Не сакам многу да зборувам. Едвај го чекам утрешниот натпревар“ – воздивнува Лекиќ

Утре Вардар игра против Ростов Дон за второ финале и чекор кон посакуваниот трофеј во Будимпешта. Противникот е добро простудиран, а утре ќе се знае и дали тоа ќе биде доволно за ново финале во ЛШ.

Да, противникот е добро простудиран, но утре ќе видиме дали е тоа доволно. Се надевам дека е. Напорно трениравме последниве 3-4 недели и мислам дека сме подготвени. Здрави сме и едвај чекаме да почне“ – вели Лекиќ.

Познато е квалитетот, а според Лекиќ познати се и главните адути на рускиот шампион.

Контра и полуконтра. Дефинитивно. Ростов има одлична контра и полуконтра“- кратко објаснува Андреа Лекиќ.

И, случајно на крај забележан и еден интересен момент. Лекиќ и Радичевиќ со шампионскиот пехар освоен со Ѓер во 2013. Фотографија и споделени спомени, на ден пред уште еден завршен викенд во ЛШ…

„Се надевма дека не е случајно и дека ќе биде исто и годинава…“ – краток одговор и носталгична насмевка на лицето на Андреа Лекиќ.

Се вчитува...